Епа тоа е… А има човек слободно време, веднаш паметот му оди кај храната. Посно непосно, има голем избор за да си направи човек богата и вкусна трпеза.
Пржени парчиња риба (ослиќ) претходно извалкани во малку брашно и сол, превкусен пинџур од модри и црвени домати и многу лук и магдонос и салата од варени компири со црвен кромид, сол, црн пипер и се разбира, многу маслиново масло и сок од лимон.
Празник е, нели?