Црно чоколадо и вино спакувани во торта

Одличен доказ дека овие две задоволства се совршен спој е и оваа чоколадна торта, една од оние што наједноставно се прават.

0
272

Состојки:

250 г кафеав шеќер
100 г црно чоколадо
250 г путер
250 г брашно
4 јајца
1 лажичка цимет
1 кесичка прашок за пециво
1 кесичка ванилин шеќер
малку сол
1 лажица какао
малку сок од лимон
125 мл црвено вино

Приготвување:

Изматете ги путерот, кафеавиот и ванилиниот шеќер, жолчките, циметот, какаото и сокот од лимон додека не добиете пенлива смеса. Постепено додавајте го црвеното вино, а потоа и брашното и прашокот за пециво.

На крај, додадете ги цврсто изматените белки. Подмачкајте го плехот со путер и ставете ја добиената смеса па печете во загреана рерна на 150 степени, околу 50 минути. Тортата премачкајте ја со растопено темно чоколадо.

Фото: Pixabay