Ах, тие шпагети…

Кога сте многу гладни или немате време за готвење, најчеста опција ви е да си направите шпагети? И колку и да е ова јадење лесно и едноставно, со само неколку додатоци станува вистински раскошен оброк

0
231

Доаѓате дома гладни, немате подготвен ручек, ама имате шпагети.

Ги фрлате во зовриена вода и додека тие се варат, си правите сос. Уште подобро ако веќе имате подготвено домашен доматен сос за зимница, па само го загревате, додавате лукче и маслинов и имате одличен прелив.

Го дотрошувате пестото, малку од преостанатиот домашен мајонез, малку пармезан и сепак имате ручек.

А кој не сака шпагети?