Дислипидемијата е состојба на покачени нивоа на масти (липиди) во крвта што е фактор на ризик за кардиоваскуларни заболувања.
Често се јавува како резултат на „лоши“ навики на живот, како што се слаба исхрана, седечки начин на живот, дебелина и пушење. Токму на ова поле може да се стори многу за да се спречи зголемување на нивото на маснотии и да се намали ризикот од развој на кардиоваскуларни болести и истовремено да се подобри квалитетот на животот.
Лекувањето започнува со промена на животниот стил
Промената на животниот стил е првиот пристап во лекувањето на дислипидемија и се спроведува преку 3 клучни чекори:
1. Хранете се правилно затоа што разновидната и избалансирана исхрана се клучни за здраво срце и крвни садови. Усвојте го медитеранскиот начин на исхрана, осносно, засновајте ги оброците на цели зрна, овошје и зеленчук и посно месо, риба и мешунки.
2. Секојдневно движете се најмалку 30 минути за да ги одржувате крвните садови во форма и барем 60 минути повеќето денови од неделата за да одржувате здрава тежина.
3. Не пушете и не изложувајте се на пасивно пушење бидејќи чадот од цигари или пура директно ги оштетува срцето и крвните садови.
Храна што може да помогне
Овес и јачмен – содржат специфичен вид на растворливи влакна познат како бета-глукан, кој помага во намалување на покачените нивоа на холестерол во крвта.
Интегралните житарки нека бидат основата на вашата исхрана, а особено се корисни разновидни житни кажи од интегрални житарки.
Црвен ориз – добиен со ферментација на обичен ориз, и содржи состојки кои имаат корисен ефект врз нивото на холестерол во крвта
Грашок и грав – содржат растителни стероли кои имаат способност да ја попречат апсорпцијата на холестерол во дигестивниот систем. Растителните стероли се наоѓаат и во многу видови овошје, зеленчук, ореви, други мешунки, цели зрна и растителни масла (особено во маслото од репка).
Сардините и другите сини риби се главниот извор во исхраната на корисни омега-3 масти и хранливи материи, како што се витамин Д и селен.
Посно пилешко и говедско месо – извор на коензим Q10, што е особено важно за постарите лица и пациентите со дислипидемија и кардиоваскуларни заболувања.
Риба, брокула, карфиол и семе од сусам исто така обезбедуваат коензим Q10.
Вклучете ги овошјето и зеленчукот во секој оброк – Обидете се да наполните половина од чинијата со зеленчук, како што се салати, обарен и варен зеленчук.
За ужинка грицкајте јаболка, круши, јагоди или свежи моркови.
Лук, калинка, артичок и зелен чај се некои од древните намирници со корисни ефекти кај дислипидемијата
Ферментирани млечни производи (јогурт, кефир) и друга ферментирана храна помагаат во одржување на рамнотежата на микроорганизмите во нашите црева, а здравата цревна микробиота е исто така неопходна за одржување на поволно ниво на маснотии во крвта.
„Здрави“ масти – се наоѓаат во екстра девственото маслиново и во маслото од тиква, во маслото од репка, јаткастите плодови, семиња како чиа семе, лен и тиква и авокадо
Храна која треба да се ограничи
Производи од полномасно млеко
Крофни, колачи и слатки, и воопшто храна со висока содржина на шеќер може да доведе до акумулација на маснотии во телото и да има негативно влијание врз нивото на маснотии во крвта
Сланина, масно месо и сувомеснати производи
Сол и храна богата со сол
Похуваната и пржената храна „апсорбираат“ големи количини маснотии, што го олеснува нарушувањето на рамнотежата на макроелементите. постојат многу повкусни и поздрави начини на подготовка, како што се поширање или подготвка на грил
Индустриски производи како што се бисквити, пекарски производи, лиснато тесто, готови јадења не се пожелни во исхраната
Прекумерно внесување на животински масти
Прекумерно внесување на шеќер
Изнутрици, морска храна, жолчка од јајце, кожа од живина
Жестоки алкохолни пијалоци и засладени газирани пијалоци
Фото: Pexels