Рецептот за овој тоник го најдовме на блогот Herbalpepper.
Потребни состојки:
1/3 чаша јаболков оцет
1/3 чаша сок од лимон
1 кафена лажичка каенски пипер
1 лажичка мелен ѓумбир
½ лажички мелена куркума
Прстофат мелен црн пипер
1/3 чаша мед
Приготвување:
Истурете сок од лимон, оцет и зачини во тегла, а потоа додадете мед за да добиете 2 децилитри течност. Промешајте добро и чувајте го во фрижидер.
Во фрижидер, тоникот може да стои до неколку недели, и измешајте го секој пат пред употреба.
Ако сте настинати и имате потешкотии со дишењето, земете една лажица тоник на секои 15 минути, потоа на секој половина час, па на секој час. Зачинот од каенски пипер ќе ги исчисти синусите и ќе ги отстрани блокадите, ѓумбирот е многу силно антиинфламаторно средство, а сокот од лимон ќе ви обезбеди витамин Ц.
Фото: Pixabay