Калинката отсекогаш билa симбол на здравје, плодност и долговечност. Богата е со флавоноиди и полифеноли, моќни антиоксиданти кои ви даваат заштита од срцеви заболувања и рак. Само една чаша чист сок од калинка има повеќе антиоксиданти од црвеното вино, зелениот чај, боровинките и брусницата. Полна е со витамин Б, калиум и фолна киселина.
Повеќе калинки треба да консумираат сите оние кои имаат проблеми со срцето и крвните садови (или предиспозиции за овие болести), висок холестерол, затнати артерии (во овој случај е особено делотворна), како и оние кои се соочуваат со климактерични тегоби. Имено, во калинката се содржани материи многу слични на естрогените и затоа влијаат на нивото на хормоните, па им помага и на младите жени со хормонски проблеми.
Некои истражувања покажале дека калинката е повеќе од одлична во спречување на развој на рак на дојка, рак на простата, карцином на дебело црево, леукемија, тумори. Покрај тоа, содржи компоненти кои го зголемуваат нивото на серотонин и имаат корисен ефект врз оние кои се во депресија и вознемиреност.
Освен како плод и цеден сок од калинка, во продажба е и маслото од ова овошје, што е исто така многу корисно, особено за косата и ноктите.
Семките од калинката можете да ги чувате во пластични кесички во фрижидер и до 2 месеци. Одлично одат и со свежи салати, збогатувајќи ги со боја и вкус.
Сокот пак има антибактериски својства и може да послужи и за плакнење на устата. Токму сок од калинка е и најлесно да се направи на истиот начин на кој цедиме и цитруси. Исечете ја калинката на половина и исцедете ја со помош на обична цедалка за лимони.
Што се однесува до вадењето на семките, постојат неколку досега испробани начини. Потсетете се на еден од поедноставните и задолжително испробајте го.
Фото: Pixabay