Лененото семе го поттикнува варењето, природен лаксатив е, помага во контролата на холестеролот, ја регулира уринарната киселина, го намалува ризикот од дијабетес и позитивно влијае на процесот на слабеење.
Исто така, ако се користи редовно, лененото семе може да помогне во лекувањето на гастритис и обновувањето на слузницата на желудникот. Лененото семе содржи слуз што го ослободува кога е потопено во вода преку ноќ, а оваа слуз има позитивен ефект врз желудникот и намалувањето на желудочната киселина. За таа цел се препорачува употреба на мелено ленено семе.
Зошто лененото семе се користи за слабеење?
Лененото семе е богато со протеини и здрави масти, па затоа позитивно влијае на регулирање на апетитот. Содржи антиоксиданти кои се одговорни за детоксикација на организмот. Две лажици ленено семе содржат 3,8 гр растителни влакна, што го забрзува варењето, ни помага да имаме чувство на ситост подолго време и го регулира нивото на шеќер и холестерол во крвта.
Можете да користите ленено семе за губење на тежината во различни варијанти. Најчесто се остава лененото семе да отстои преку ноќ во чаша вода, а течноста се пие наутро или се истура лажичка мелено ленено семе во млака вода, се промешува и се пие на празен стомак.
Сепак, постојат и повкусни варијанти. На пример, овој напиток во кој главната улога ја има лененото семе, има пријатен вкус и позитивно ќе влијае на вашето здравје доколку го консумирате секој ден пред појадок.
Лененото семе се спојува со цимет, што е исто така одличен зачин во борбата против масните наслаги.
Состојки:
1/2 чаша незасладено млеко од соја
1/2 чаша вода
1 лажичка цимет во прав
1,5 лажица мелено ленено семе
1 лажичка мед
Приготвување:
Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте околу 10 до 15 секунди. Ако сакате додадете во напитокот и коцка мраз.
Забелешка: Лененото семе е здрав „поттикнувач“ на варењето на храната, но за да изгубите маснотии, важно е да ја регулирате вашата исхрана и да бидете физички активни.
Фото: Pixabay