Состојки:
2 шолји млеко
¼ шолја путер
2 јајца
½ шолја шеќер
Малку сол
10 парчиња леб по ваш избор (најдобро оди оној слаткаст леб со путер кој од неодамна го има и во нашите маркети)
по желба можете да додадете и овошје по ваш избор (убаво оди со манго, банана, суви или свежи кајсии…)
Приготвување:
1. Загрејте ја рерната на 250 степени
2. Млекото и путерот загрејте ги во едно тенџере до вриење и остравете ги настрана.
3. Имешајте ги јајцата и шеќерот во поголем сад
4. Исечете ги парчињата леб на коцки и помешајте ги во мешавината со јајца.
5. Истурете ги млекото и путерот врз лебот и мешајте се додека лебот не се натопи убаво. По желба додадете и исечкано овошје.
6. Истурете ја смесата во неподмачкан сад кој ќе го ставите во тепсија со топла вода и ставете ги и двата во рерна.
7. Треба да се печат 40-45 минути или се додека ножот со кој ќе боцнете во смесата не излезе чист.