Блитвата добро измијте ја во ладна вода, одвојте ги стапчињата од листовите и исечете ја на помали парчиња.
Излупете ги компирите и исечете ги на коцки па сварете ги во солена вода.
Во друго тенџере ставете да зоврие вода со малку сол и ставете ги прво потврдите делови, стапчињата од блитвата, нека се варат 5-6 минути, а потоа додадете ги и листовите и варете уште 3-4 минути.
Додека компирот и блитвата се варат, во чинија за салата ставете маслиново масло, ситно исечкан лук, сол и црн пипер.
Компирот и блитвата исцедете ги и префрлете ги во Чинијата. Добро промешајте и оставете неколку минути да се соединат вкусовите.
Послужетедодека е топло.
Брзо, лесно, едноставно, а богами и евтино. Особено блитвата од саксија.