Знаете ли што е суфле омлет?

Појадок што се топи во уста! Совршен омлет мек како облак кој можете да го направите во солена верзија и да го зачините со сол, црн пипер и други зачини или во слатка - зачинет со шеќер во прав, мед или друг засладувач ...

0
285

Одвојувањето на жолчките од белките е вообичаен процес при подготовка на пандишпан, но дали сте се обиделе да направите омлет на тој начин?

Ако ги изматите одделно жолчките и белките пред да ги споите во една смеса и да ги испржите во тава, ќе добиете совршен омлет мек како облак. Исто така се нарекува и суфле омлет.

Можете да направите омлет печен на овој начин во солена верзија и да го зачините со сол, црн пипер и други зачини или во слатка и да го зачините со шеќер во прав, мед или друг засладувач.

Состојки:

5 белки
3 жолчки
2 лажици путер
зачини по желба

Приготвување:

Одвојте пет белки и изматете  ги со миксер додека не се добие цврст шлаг. Во друга чинија изматете само три жолчки (зачувајте го остатокот за друг рецепт) и изматете ги пенесто.

Внимателно измешајте ги жолчките во белките.

Истурете ја смесата во загреана тава со нелепливо дно и покријте ја. Печете на умерена температура 3 минути.

Отворете ја тавата, подигнете ги рабовите на омлетот со шпатула и додадете го путерот. Вратете го капакот и печете уште 3 минути.

Зачинете го омлетот со зачини по желба, преклопете го и префрлете го во чинија. Добар апетит!

Фото: Pixabey