Полнети, печени компири

Ако компирите се вашето омилено јадење и приготвувате десетици рецепти со нив, во главната улога, овој рецепт ќе ве воодушеви!

0
556

Состојки:

8 поголеми компири
500 г мелено месо
2 чешниња лук
2 главици кромид
75 г сланина
3 дл сок од домати
1 дл црно вино
8 лажички кисела павлака
1 дл маслиново масло
Сол, бибер и други зачини

Приготвување:

1. Убаво измијте ги компирите, исушете ги и премачкајте ги со маслиново масло и малку сол. Ставете ги во тепсија и покријте ги со фолија оа ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 1 час.
2. За тоа време исечкајте ситно исечкан кромид и сланина, пропржете ги на маслиново масло па додадете го меленото месо и лукот. Кога месото ќе ја смени бојата, додадете ги виното и сокот од домати, помешајте и покријте па оставете да се вари околу 30 минути на тивок оган. Зачинете и додадете зачини по желба (босилек, оригано, магдонос или се заедно)
3. Кога компирите ќе се испечат, исечете им ги тенко „капачињата“ по должина и издлабете ја средината. Половина од содржината што ќе ја издлабите или нешто повеќе, згмечете ја и додадете ја во смесата со месо. Со оваа смеса наполнете ги обилно компирите.
4. Полнетите компири вратете ги во рерната и запечете ги уште малку.
5. Сервирајте ги топли со кисела павлака и исечкан млад кромид.