Овој зеленчук содржи голем број антиоксиданси, го ослободува организмот од штетни материи (детоксикација) настанати поради лоша храна и дејство на штетни материи од околината, како и од зрачење.
Карфиолот содржи многу состојки кои делуваат против многу болести и ги регулира хормоните. Се вели дека е особено ефикасен во спречување на рак на дојка и дебело црево.
Состав на карфиолот
Содржи малку јаглехидрати (околу 5%), малку протеини (2,5%), занемарлива количина маснотии, многу вода и некои диетални влакна. Карфиолот има најмногу витамин Ц, а од останатите содржи А, Б1, Б2 и ПП. Од минералите и микроелементите, најзастапени се калиумот, калциумот, фосфорот и железото. Богат е со антиоксиданти. Енергетската вредност на карфиолот е мала (во 100 г има 27 kcal).
Ги штити градите
Карфиолот има естрогенска активност – влијае на нивото на естроген, женски полов хормон, кој игра голема улога во развојот на рак на дојка. Жените кои редовно консумираат карфиол, како и слични зеленчуци (зелка, брокула) имаат помал ризик од развој на рак на дојка.
Постојат студии кои покажуваат дека јадењето повеќе карфиол може да помогне во намалувањето на фиброцистичните промени на градите. Со забрзување на метаболизмот на естрогенот, влијае на неговото исфрлање од телото и го спречува растот на јазлите.
Го чисти организмот
Со содржината на голем број антиоксиданси, го ослободува организмот од штетни материи (детоксикација) настанати од лоша храна и дејство на штетни материи од околината, како и од зрачење.
Против рак
Богат е со антиоксиданси кои спречуваат мутации на клетките кои можат да доведат до малигни заболувања. Посебно е испитан ефектот врз ракот на дебелото црево. Благодарение на содржината на диетални влакна, го намалува дејството на канцерогени материи, антиоксиданти и други антиканцерогени материи (особено индол), го намалува размножувањето на клетките и формирањето на полипи што доведуваат до рак на дебелото црево. Конзумирањето на карфиол може да спречи настанување на полипи и рак.
Го намалува холестеролот
Тој е добар извор на растворливи влакна кои ја намалуваат ресорпцијата на холестерол и неговото ниво во крвта. Ја намалува атеросклерозата и го намалува ризикот од срцеви заболувања, пред се, срцев и мозочен удар.
Други лековити својства
Го намалува оштетувањето на нервните клетки, затоа редовната потрошувачка го намалува ризикот од Паркинсонова болест и мултиплекс склероза. Има корисен ефект врз голем број воспалителни болести, ревматски заболувања и астма. Содржи многу калиум и доколку се консумира без додавање сол, го намалува крвниот притисок.
Има многу калциум, па ги зајакнува коските. Поволниот однос на фосфор и калциум, заедно со низок натриум, овозможува ресорпција на калциум и спречува остеопороза. Има мала калорична вредност, а варењето трае подолго време, па затоа се препорачува за луѓе кои сакаат да ослабат.
Внимание
Подолгото готвење уништува некои лековити својства на карфиолот. Јадете го сиров, делумно варен или подготвен во микробранова печка. Карфиолот може да ја влоши состојбата на луѓето со Кронова болест.
Фото: Pixabey