Винегрет, вистинската руска салата

Ако досега кога ќе слушневте „руска салата“ веднаш помислувавте на онаа „новогодишната“ со мајонез, шунка, кашкавал, компири,....кога ќе ја пробате оваа ќе помислувате на двете, иако токму винегрет салатата е онаа вистинската. Освежителна и здрава, можете да ја јадете во неограничени количини...

0
389

Состојки:

4 компири
2 цвекла
2 моркови
1 црвен кромид

100 г пченка од конзерва
3-4 кисели краставички
Сол, бибер
По вкус се додава и масло и оцет (во нашата салата употребивме домашен оцет од модри сливи)

Приготвување:

1. Сварете ги компирите, морковите и цвеклото
2. Во голем и длабок сад ставаме ситно исечкан кромид и кисели краставички. Додадете ја пченката.
3. Цвеклото, морковите и компирите излупете ги и исечкајте ги на коцки.
4. Измешајте се заедно, зачинете и послужете ја салатата добро изладена.