Гладот може да го наруши добриот сон, а обилната вечера може да ја вознемири вашата совест. Затоа нутриционистите знаат како да го надминат овој проблем.
Можеби сте вечерале рано или сте останале будни доцна во ноќта, па сега сте повторно гладни. Како и да е, сигурно сте свесни за разни статии за тоа како не е препорачливо да јадете пред спиење, но што ако едноставно не можете да издржите?
Диететичарката Аби Лангер и Деспина Хајд одлучиле да направат список со 10 намирници и/или јадења што можете да ги јадете доцна во ноќта во гореспоменатите ситуации, кога стомакот неуморно испушта алармни звуци или кога навистина сакате да „грицкате“ додека ја гледате омилената серија на Нетфликс.
За почеток, тие наведуваат дека е мит тоа дека нема да ги согорите оние калории што ќе ги изедете пред спиење. „Секако, метаболизмот потоа малку се забавува, но сепак не престанува да работи“, вели Лангер. Но, ако целта ви е управување со телесната тежина или слабеење, тогаш најдобро е да ги јадете најголемите оброци во време од денот кога сте најактивни, но генерално зборувајќи – вкупниот број на калории е поважен од времето кога ги јадете. Особено ако сте гладни навечер и се одлучите за разумна ужинка што го задоволува гладот и не ги крши правилата за здрава исхрана.
„Ако легнете гладни, нема да спиете или ќе спиете многу лошо, што е веројатно уште полошо“, вели Лангер. Но, ако забележите дека сте речиси секогаш гладни пред спиење, тоа веројатно значи дека не јадете доволно во текот на денот. Можеби јадете премалку калории или не добивате доволно протеини за да се чувствувате сити, што може да предизвика подоцна прејадување.
Ако ви се јаде пред спиење, изберете нешто релативно лесно и потоа останете будни малку подолго пред да одите во кревет
Избегнувајте прејадување навечер, бидејќи вашето тело ќе мора да работи понапорно на варењето на храната, што всушност може да ве држи будни подолго. Но, ако не можете да направите поинаку поради вашиот животен распоред и обврски, Хајд советува оброк кој се состои од околу 40% зеленчук, 40% јаглени хидрати и 20% протеини.
Исто така, не легнувајте веднаш по јадењето. Поминете некое време седејќи, читајќи или гледајќи телевизија, миејќи садови или што било друго. Ова ќе го намали ризикот од проблеми со варењето и киселински рефлукс, вели Хајд.
Капсаицинот, кој се наоѓа во лутите пиперки, може да предизвика проблеми со варењето и непријатност, што може да го наруши вашиот сон, а на храната богата со маснотии (како пржена храна) ќе ѝ треба долго време за варење, а ако легнете, може да се појави рефлукс. вели Хајд.
Шеќерот исто така не е добар пред спиење, па обидете се да избегнувате работи со многу додаден шеќер, како бонбони или чоколадо. Ако навистина сакате нешто слатко, земете нешто со природен шеќер, па овошјето или млечните производи се подобра опција.
„Комплексните јаглехидрати како лебот од цели зрна се одлични навечер затоа што ослободуваат серотонин кога се варат, што ќе ви помогне да се смирите“, вели Лангер. И со додавање на малку протеини ќе останете сити до појадокот. Хајд исто така предлага да испиете голема чаша вода или чаша топол чај (без кофеин) за да се чувствувате сито и хидрирано.
Конечно, Лангер и Хајд приложуваат список на идеи за вечерни оброци и оброци што можете да се обидете да ги подготвите ако бидете гладни доцна во ноќта:
житарки богати со влакна и млеко
авокадо или тврдо варено јајце на крекер
банана со путер од кикирики
овошје и јаткасти плодови по ваш избор
Грчки јогурт со житарици и овошје
сирење на крекери со додавање на зачини по желба
тост од цели житарки со путер од јаткасти плодови
ф’стаци
урда
Фото: Pexels