Кремав и вкусен, јогуртот е една од најсестраните и по цената, најдостапни намирници што можете да ги користите во вашата кујна.
Лесно може да се вклучи во избалансиран појадок, ручек или вечера, но исто така и како посебна храна за вкусна закуска или десерт.
Ако сте љубител на јогурт и го нарекувате оброк, на располагање ви се голем број на деликатеси во овие едноставни рецепти кои содржат обичен течен или грчки јогурт. Иако не е генерално правило, се препорачува во продавниците да внимавате на составот на јогуртот за да ја проверите содржината на шеќер и бројот на калории содржани во една чаша.
Тестенини со сос од босилек и јогурт
Ако сакате кремаста текстура во јадењата со тестенини, овој лесен сос од јогурт и босилек е идеален за вас. Рецептот е едноставен, сварете ги тестенините, а во сосот ставете сечкани домати, сечкани пињоли, јогурт, босилек и лук и малку сол и црн пипер.
Американски макарони со сирење и јогурт
Лесен начин да ги намалите калориите и маснотиите во вашиот омилен рецепт за макарони и сирење е да користите јогурт наместо полномасно млеко. Овој трик дава доза на протеини и кремаста текстура без потреба од дополнително ставање на путер или некој тежок крем. За сосот користете рендано сирење, јогурт, лук, кромид и малку сол и црн пипер.
Сечкана салата од зеленчук со јогурт
Салатата со јогурт е совршена комбинација на масти, белковини и протеини, а исто така е и брз оброк што можете да го направите многу брзо за време на напорната работна недела. Постојат многу рецепти, и не постои општо правило. Може да ставите зеленчук што ви се допаѓа, како крцкава краставица и зелена салата, сочни домати и авокадо и неколку оревчиња или семки од тиква. Не треба да направите посебен прелив, едноставно зачинете ја салатата со јогурт, лимон и медитерански зачини.
Фото: Pixabey