Состојки:
4 јајца
100 г шеќер
100 г омекнат путер
прстофат сол
сок и кора од 1 лимон
200 мл јогурт
300 г брашно
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер
прстофат сол
Приготвување:
Раздвојте ги белките од жолчките. Изматете ги жолчките со шеќерот и ванилиниот шеќер, па додадете го омекнатиот путер, јогуртот, сокот и кората од лимон, брашното со прашокот за пециво.
Изматете ги цврсто белките со прстофат сол, па потоа полека помешајте ги во смесата со жолчките.
Префрлете ја смесата во намрсена и набрашнета тепсија за печење и печете околу 20 минути на 180 степени.