Здрави намирници со кои не треба да претерувате

Ниту едно претерување не е добро. А зошто не е добро да се претрува ниту со нешто што спаѓа меѓу најздравите намирници, доволно зборува тоа што, на пример, едно авокадо содржи 240 калории, што е 10-20% од вкупниот просечен дневен внес на калории за возрасен. Јадењето премногу калории може да доведе до затнување на артериите.

0
342

Уште кога беше научно докажано дека медитеранската исхрана е најздравиот начин на исхрана, луѓето сфатија колку храната е всушност поврзана со здравјето. За жал, луѓето имаат тенденција да претеруваат во сè, па така и кога станува збор за тоа што е здраво. А ниту едно претерување не е добро. Видете и зошто.

Вода

Премногу вода може да создаде електролитен дисбаланс со значително намалување на нивото на натриум во телото. Друга последица, во екстремни случаи, е акумулација на вода во мозокот, што доведува до отекување на мозокот и создавање притисок, бидејќи черепот не може да се растегне по потреба. Иако ова се случува многу ретко, пријавено е кај спортисти кои понекогаш се обидуваат да хидрираат прекумерно после интензивен тренинг или кај луѓе кои имаат бубрежни заболувања и бубрезите не можат да „преработат“ премногу вода.

Авокадо

Авокадото содржи влакна и значителна количина витамини. Може да помогне во намалување на нивото на лошиот холестерол (ЛДЛ) и одржување на здравјето на клетките на организмот благодарение на големата количина на мононезаситени масти што ги содржи. Но, мастите сепак се масти.

Едно авокадо содржи 240 калории, што е 10-20% од вкупниот просечен дневен внес на калории за возрасен. Јадењето премногу калории може да доведе до затнување на артериите. Треба да се придржувате до препорачаната количина од половина авокадо на ден, ако е сирово, или двојно повеќе ако станува збор за чипсо од авокадо.

Цвекло

Цвеклото е одличен извор на витамини и минерали, а содржи и многу азотни оксиди кои нашето тело ги претвора во нитрати, а помагаат и при намалување на крвниот притисок. Потоа се претвораат во нитрозамини, кои нормално се наоѓаат во месото и го зголемуваат ризикот од развој на некои болести. Подобро е да се избегне истовремена голема потрошувачка на цвекло и црвено месо.

Алги

Алгите се редок пример за храна која не е од животинско потекло, и е богата со витамин Б12, што ја прави одлична замена за месо за вегани и вегетаријанци. Исто така се нарекува супер храна затоа што помага при слабеење поради фактот што е богата со јод и растителни влакна. Од друга страна, зголемениот внес на јод може да предизвика проблеми со тироидната жлезда, па дури и зголемување на телесната тежина. Покрај тоа, алгите можат да содржат високо ниво на тешки метали, во зависност од тоа каде пораснале.

Деривати на соја и соја

Сојата е богата со многу хранливи материи, вклучувајќи витамини од групата Б, растителни влакна, калиум, магнезиум и високо квалитетни протеини. Покрај тоа, ги содржи сите 9 есенцијални аминокиселини кои телото не може да ги произведе самостојно. Но, ако неодамна сте ја смениле исхраната поради проблеми со тироидната жлезда, бидете внимателни со сојата бидејќи таа може да влијае на хормоналните лекови што се користат за лекување на хипотироидизам.

Чиа семе

Иако се продава како супер храна поради високата содржина на омега 3 киселини, нема научни докази за нивното позитивно влијание врз кардиоваскуларните заболувања. Омега 3 киселините присутни во чиа семето потешко се апсорбираат од оние од лососот, па иако содржат повеќе, потребни се дури 100 гр семе за телото да ја апсорбира истата количина што може да ја апсорбира од рибите.

Проблемот е и во тоа што 100 гр чиа семе содржи 500 калории, што е приближно исто како и еден хамбургер.

Моркови

Морковот е богат со бета-каротен, кој нашето тело го претвора во витамин А. Нема вишок витамин А затоа што телото го претвора бета-каротенот во тој витамин по потреба, но вишокот бета-каротен во организмот може да предизвика каротенема, состојба што ја прави кожата жолтеникава. Со текот на времето, бојата на кожата се враќа во нормала, бидејќи каротинот се распаѓа и не предизвикува никакво оштетување на телото.

Комбуха

Овој кинески пијалок кој стана популарен низ целиот свет има многу придобивки за дигестивниот систем и исто така се верува дека го зголемува бројот на добри бактерии во цревата. Сепак, тој содржи таканаречен FODMAP, еден вид јаглени хидрати што нашето тело потешко ги вари. Тоа е нус-производ на габична ферментација кој, ако се консумира во прекумерни количини, може да предизвика надуеност и тегоби со варењето.

Фото: Pixabey