Состојки:
300-400 г свежи сливи (колку да се прекрие дното од тавчето)
3 јајца
200 мл јогурт
100 мл масло
250 г брашно
1 прашок за пециво
2 лажици какао
10 лажици кафеав шеќер
1 лажичка цимет
малку путер
Приготвување:
Преполовете ги сливите и наредете ги на дното од тркалезно тавче. Ставете врз нив неколку парченца путер, малку шеќер и цимет.
Изматете ги јајцата со шеќерот па додадете ги јогуртот, маслото, а потоа постепено и брашното со прашокот за пециво и какаото.
Истурете ја смесата врз сливите и печете околу половина час на 200 степени.
Кога ќе го извадите тавчето оставете го малку да се излади, а потоа превртете го во чинија.