Нема ништо полесно и повкусно од овој пинџур од црвени меснати пиперки и модри патлиџани и малку повеќе лукче во комбинација со грозје.
Значи, за овој #ПосенПеток ви требаат 7-8 црвени пиперки, 1 голем модар патлиџан и лукче.
Испечете ги во рерна, излупете ги, истолчете ги, ставете лукче и сол и уживајте во вкусовите.