Сурутката го зајакнува имунитетот и ја чува виткоста

Сурутката содржи протеини со голем процент на есенцијални аминокиселини важни за развојот на мозокот. Делува добро и на имунитетот и против похранетост и повреди, но не треба да се претерува - пијте до 500 мл на ден.

0
279

Сурутката е течност што се одделува кога се прави сирење. Содржи протеини со голем процент на есенцијални аминокиселини важни за развојот на мозокот. Делува и против потхранетост и повреди, но не треба да се претерува со неа – пијте до 500 мл на ден.
Протеините од сурутка се варат полесно од млечните протеини.
„Свежите сирења се примарно составени од бавно сварливи протеини со многу Тие  се многу помали и со поедноставна структура од млечните протеини (казеини), такашто се и полесно сварливи. Речиси целосно се ресорбираат во организмот и се важни за градење на ткивата, ензимите и хормоните.

Сурутката е погодна за спортисти и луѓе кои сакаат да ја контролираат телесната тежина бидејќи е извор на високи протеини и ниски енергетски вредности.

Сепак, како и секој друг млечен производ, не се препорачува повеќе од 500 мл сурутка на ден.

Рецепт за сурутка:

Истурете еден литар млеко во сад и оставете го да се загрее скоро до вриење.
Додека е сè уште жешко, помешајте го со сок од еден лимон и оставете ја смесата да се олади.
Талогот што ќе го добиете е сирење со висока хранлива вредност, а течноста е сурутка што треба да се префрли во стаклено шише кое може да се чува во фрижидер до една недела.
Освен како самостоен напиток, сурутката можете да ја додадете како основа за смути, а се користи и како додаток за колачи и печива, со што се зголемува хранливата вредност на овие производи.
Можете да додадете сурутка во кое било јадење затоа што има неутрален вкус, а нутритивно ќе ги збогати и наједноставните јадења.

Фото: Unsplash