Одличен за посни денови или за оние кои се на веганска исхрана.
Состојки:
2 шолји брашно
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер
1 конзерва кокосово млеко (ако немате, може и некое друго растително млеко)
1 лажица какао
2 лажици пекмез од сливи
ако имате маџун, ставете 1/4 шолја, ако немате доволно, додадете кафеав шеќер или малку повеќе пекмез од сливи
зачини по желба (цимет, ѓумбир)
600-700 г свежи сливи или колку да се покрие цела тава
Приготвување:
Помешајте ги сите состојки освен свежите сливи.
Сливите исечкајте ги на половинки и наредете ги врз тепсијата претходно премачкана со зејтин и попрскана со брашно. Истурете ја одозгора смесата и измешајте ги сливите полека заедно со смесата.
Ставете ги во загреана рерна и печете околу 40-50 минути, во зависност од рерната. Почекате да се олади, но не сосема, Највкусно е кога е млако, па соковите од сливите му даваат сочност на тестото.