Зошто не треба да се препекуваат тостот и компирите

Ако се подготвуваат на високи температури, намирниците богати со скроб, како компирите и лебот може да доведат до производство на високо ниво на соединение наречено акриламид, што доведува до зголемен ризик од карцином.

0
137

Агенцијата за прехранбени стандарди во Велика Британија неодамна започна петиција со која сака да предупреди за ризиците поврзани со конзумирањето на загорен тост, препечени компири и друга храна богата со скроб, подготвена на високи температури, пишува Си-Ен-Ен.

Кампањата се заснова на докази од истражувања на животни спроведени во 2002 година, но врската помеѓу ракот и консумирањето на препечен тост и препечени компири сè уште не е спроведена кај луѓето. Некои експерти велат дека други фактори како што се пушењето и дебелината сè уште претставуваат поголем ризик.

Што е точно проблемот?

Кој е точно проблемот со премногу обработената храна со скроб? Претходните студии спроведени на глувци покажале дека високото ниво на соединението наречено акриламид доведува до зголемен ризик од карцином.

Акриламидот е соединение што им ја дава на лебот и компирите златната боја кога ги печеме. Се состои од моносахариди (едноставни молекули на шеќер), како што е глукоза, кои потоа реагираат со аминокиселини (познати и како аспарагин) доколку се подготвуваат на температура повисока од 120 степени.

Аспарагинот се наоѓа природно во храната богата со скроб. Ако се готви предолго, тој вид храна ја менува бојата – прво во златна, потоа во кафеава и на крајот во црна, наведува Си-Ен-Ен. Во тој процес, тие произведуваат повеќе акриламид што доведува до зголемен ризик од карцином.

Врската помеѓу зголемениот ризик од карцином и консумацијата на загорени намирници богати со скроб кај луѓето не е докажана, но експертите тврдат дека никој нема свесно да ги изложува луѓето на консумирање на зголемени нивоа на акриламид.

Сепак, она на што можете да обрнете внимание, а што го наведува и кампањата е да имате здрава и урамнотежена исхрана и да избегнувате консумирање на загорена храна.

Фото: Pixabey