Како да ослабнете лесно и здраво?

Луѓето кои сакаат да ослабнат се принудуваат себеси на најразлични диети кои се занимаваат со тоа колку и што да јадат, истовремено игнорирајќи го најважниот факт - кој вид на храна во кое време е најдобро да се зема. Според биоритамот, најдобро е да се јаде сè, но во строго ограничено време.

0
422

Ако сакате да ослабнете, а не ги сакате диетите, обрнете внимание на биоритамот и јадете во согласност со него. Ако се придржувате до ова, ќе се чувствувате многу подобро и за кратко време ќе забележите како тежината се намалува сама од себе.
Биолошките ритми се всушност циклични промени во работата на организмот, а секој орган и систем од органи има свои периоди на подеми и падови на активностите. И затоа, ако ја испланирате вашата исхрана во согласност со нив, вашиот организам ќе ја вари храната десет пати подобро, а вашиот метаболизам ќе се забрза и за многу кратко време ќе можете да забележите како тежината ви се намалува сама од себе.

Генералниот план за исхрана направен од нутриционистите, внимавајќи на времето во кое органите се активни, изгледа вака:

06:00 – 09:00 часот
Во овој период, желудникот и цревата се максимално активни и токму затоа е најдобро да се појадува во овој период, по можност посилна храна. За време на подготвувањето на оброкот, препорачливо е да се напиете чаша вода со лажичка мед и лажичка сок од лимон. Ова ќе им помогне на црниот дроб и панкреасот да се активираат.
За појадок, најдобро е да изберете храна која е богата со протеини, растителни влакна и јаглени хидрати, како што се путер, каша од житарки со овошје и мед, сирење и интегрален леб.
Ако консумирате појадок во овој период, целата храна што ќе ја изедете ќе биде целосно апсорбирана и претворена во енергија.

9:00 – 13:00 часот
Во овој период, срцето и слезината работат напорно и ова е време за лесна ужина и ментален напор. За ужина, најдобро е да консумирате јогурт со овошје, банана или чај со грст суво овошје.

13:00 – 15:00 часот
Во овој период, желудникот и цревата повторно се ангажираат затоа што во овој период има многу ензими во организмот кои ги разложуваат скробот и шеќерот. Ова е време на активна апсорпција, а за да ја задржите работната способност на исто ниво, треба да го стимулирате организмот со оброк од околу 150 грама, кој ќе содржи влакна и протеини.

16:00 – 17:00 часот
Во овој период се активира системот за излачување, а тоа се потните жлезди и мочниот меур, додека согорувањето на мастите се зголемува. Овој период е најдобро да се помине без храна и да се вежба, затоа што е најдобро време за спорт. Во никој случај не заборавајте да ја надополнувате течноста и да испиете најмалку две чаши вода.

17:00 – 19:00 часот
Ова е најдобриот период за вечера, итоа за лесна вечера, само доволна за да се заситите и опуштите. Во овој оброк, најпожелно е да се консумира незасладено овошје, печен зеленчук и младо сирење. Имајте предвид дека треба да јадете половина помалку за вечера отколку за ручек.

19:00 – 20:00 часот
После 19 часот, органите за варење се забавуваат затоа што ензимите не се лачат во тоа време, па затоа е препорачливо да испиете чаша кефир, за да не се чувствувате гладни пред спиење. После тоа, не треба да внесувате ништо во организмот, освен растителен чај.

20:00 – 21:00 часот
во овој период почнува да се лачи мелатонин, хормон кој го подготвува телото за спиење. За да придонесете за тоа сами, препорачливо е да консумирате чај без кофеин, како мајчина душица, камилица или маточина, што ќе го смири вашиот нервен систем и ќе го подготвите вашето тело за одмор.

22:00 – 24:00 часот
Во овој период, се зголемува концентрацијата на мелатонин и хормонот за раст, кој е одговорен за метаболизмот кај возрасните и за растот кај децата. Во оваа фаза, мастите активно се обновуваат и согоруваат мастите, и ако спиете во тоа време и не сте се прејале за вечера, можете да изгубите до 900 ккал во текот на ноќта.
Накусо, не е тешко да се јаде во согласност со биоритмот, и како резултат на тоа да се ослободите од вишокот тежина, но и да се чувствувате многу подобро!

Фото: Pexels