Состојки:
300 г овесно брашно
180 мл млеко од ориз (или некое друго растително млеко)
2 банани
1 -2 лажици чиа семе (по желба)
прстофат сол
Приготвување:
Овесно брашно можете да си направите сами дома со блендер, од овесни снегулки.
Додадете го млекото и пасираните банани и прстофат сол. Измешајте ги состојките со миксер и пржете ги на кокосово или на обично масло (овие се пржени на обично).
Е потоа, потоа правете со нив што сакате.
Нашиве се со мед, сечкани лешници, банана и аронија.