Како да си направите кафе со пена, без кафемат

Ако сте мераклија за кафе, а немате кафемат, сепак можете да направите кафе со пена, па дури ако сакате и со крем пена.

0
321

Ставете го млекото во сад со капаче (може во обична тегла, а ако ви е при крај млекото во третрапак, можете и во неговата пригинална амбалажа) најмногу до половина, за да оставите место за пената која ќе се создаде.

Протресете го затворениот сад најсилно што можете додека млекото не го зголеми двојно волуменот. Обично се доволни 30 секунди и пената е готова. Додадете ја врз кафето, ако сакате ставете и малку цимет во прав и кафето е спремно.

Ако сакате вашата пена да биде погуста и поцврста, тогаш откако ќе го изматите млекото во садот, тргнете го капачето и потоа загрејте го млекото на 30 секунди во микробранова. Секако, внимавајте садот да е од оние кои се дозволени за употреба во микробранова. Ова ќе помогне пената да се стабилизира и да не се распадне.