Чаша вода е најдобриот пријател на нашето тело, а таа е уште покорисна во комбинација со некои здрави намирници и состојки, кои ќе ја претворат во супер здрав пијалок кој го стимулира варењето на храната и го чисти организмот.
Свежо исцеден сок од лимон или лимета
Лимонот и лиметата се одлични извори на витамин Ц, важен антиоксиданс кој помага во борбата против слободните радикали во организмот. Покрај тоа, овие агруми помагаат и при варењето на храната. Свеж сок од половина лимон или лимета и шише вода е сè што понекогаш навистина ви треба.
Свежи ливчиња нане
Нането може да си го одгледувате во саксија, а откако ќе порасне, треба да се стави веднаш до прозорецот за да добива доволно светлина. Го стимулира производството на плунка и дигестивни ензими кои помагаат во апсорпцијата на хранливите материи од храната. Благодарение на неговиот релаксирачки ефект, нането помага и кога станува збор за проблеми со желудникот.
Каранфилче
Покрај тоа што помага при варењето, каранфилчето е одличен пријател кога станува збор за борба против паразити во организмот. Сè што треба да сторите е да ставите 3-5 каранфилчиња во вода и да ги оставите да отстојат некое време.
Ѓумбир
Ѓумбирот се користи со векови како лек за варење, против грчеви, гадење и надуеност. Покрај тоа, ѓумбирот ја стимулира циркулацијата и го намалува воспалението во организмот. Уште еднаш, сè што треба да направите е да ставите исчистен ѓумбир во вода и да оставите да отстои некое време.
Свежа краставица
Тркалцата свежа краставица ѝ даваат на водата свежина и благ вкус, а бидејќи лебдат на површината, многу е лесно патем и да ги изедете. Краставицата помага во елиминирање на токсините од дигестивниот систем, а исто така е одлична кога станува збор за хидрирање на организмот. Исто така, содржи антиоксиданти и растителни влакна и го стимулира производството на инсулин во панкреасот.
Цимет
Циметот е одличен природен лек кога станува збор за габи, вируси или лошо варење. Покрај тоа, циметот ја стимулира циркулацијата, разградувањето на мастите и регулацијата на гликозата во крвта. Сè што треба да направите е да ставите неколку стапчиња цимет во шише вода и да ги оставите да отстојат некое време, а потоа уживајте во вкусот!
Фото: Pixabey