Пченката е природен лек и вашата идеална диетална намирница ова лето!

Пченката е вредна сезонска намирница која нема да ве оптоварува со вишок калории, и ќе ви обезбеди јаглехидрати, брзо достапна енергија и витамини.

0
437

Пченката е денес многу распространета намирница. Се консумира како зеленчук или се меле во брашно од кое се прави вкусен пченкарен леб. Палентата, традиционално јадење од пченка, е составен дел од старите медитерански менија, а своето место го наоѓа и денес како додаток за рибјите и месни специјалитети.

Пченката која е нутритивно вредна намирница која не го оптоварува организмот со вишок калории, бидејќи еден клас пченка со просечна големина содржи 80 до 100 калории. Свежа и слатка, пченката е богата со јаглени хидрати и малку маснотии и затоа е извор на брзо достапна енергија. Мастите што преовладуваат во пченката се повеќекратно и еднократно незаситени.

Белата пченка, на пример, не содржи бета-каротен, додека жолтат содржи и со тоа придонесува за задоволување на потребите за витамин А.

На пченката ѝ недостасуваат две есенцијални аминокиселини – лизин и триптофан. Затоа е добро да се комбинира со мешунките во исхраната, затоа што на овој начин најдобро се задоволуваат потребите за протеини. Пченката е многу добар извор на тиамин (витамин Б1) и е добар извор на многу други витамини и минерали, вклучувајќи витамин Б5, фолна киселина, ниацин, витамин Ц, фосфор, калиум и магнезиум. Богатството на диетални влакна ја прави оваа намирница особено вредна.

Пченката е природен лек:
• го намалува холестеролот
• Превенција е за рак на дебелото црево
• има корисен ефект врз нивото на шеќер во крвта
• добар извор на енергија
• помага при проблеми со желудникот и дигестивниот систем
• ја подобрува функцијата на дебелото црево

Пченката, како храна богата со антиоксиданси, фолна киселина, инхибитори на протеаза и бројни фитохемикалии, може да се смета за борец против карциноми и вируси, и затоа треба да го заземе своето место на менито на современиот човек. Поради феруличната киселина која влијае на антиоксидативната активност, пченката има антикарциногени својства.

Фото: Pixabey