Шварцвалд сладолед од три состојки готов за пет минути

Шварцвалд тортата ја сакаат многу луѓе, а оние кои не ја сакаат можеби ќе ја засакаат на овој начин, во форма на сладолед

0
353

Шварцвалд тортата е класика која многумина ја сакаат, а оние кои можеби и не ја сакаат, можеби доколку ја пробаат во форма на сладолед, ќе го сменат мислењето.

Шварцвалд сладоледот за разлика од тортата која е малку покомплицирана за правење, е готов за само пет минути (се разбира, без времето потребно за да се замрзне), а се прави од само три состојки.

Состојки:

150-200 грама вишни (без семки)

200 мл млеко по ваш избор (може да биде оризово, овесно, бадемово, кокосово или пак стандардно кравјо млеко)

2 лажици сирово какао

Приготвување:
Ставете ги вишните во блендер. Додадете млеко. Додадете какао. Измешајте ги сите состојки и истурете ја смесата во калапи за сладолед.
Замрзнете ги на неколку часа или оставете ги преку ноќта.
Кога ќе го извадите сладоледот во калапите за стапчиња, оставете ги надвор неколку минути пред сервирање, за да можете лесно да ги извадите од калапот.
Се разбира, можете смесата да ја ставите и во некој сад, а потоа да го јадете сладоледот со лажица. Ова е уште поедноставна и побрза варијанта.
Исто така, слободно заменете го овошјето по ваша желба. Наместо вишни, можете да користите јагоди, цреши, боровинки, малини, капини.

Фото: Pexels