Дивите сливи или како што уште се викаат – џанки, имаат важна улога во спречувањето на појавата на атеросклероза и развојот на различни видови на рак.
Со оглед на тоа што сами никнуваат, можеме да бидеме сигурни дека плодовите немаат пестициди. Со нивното созревање тие ја менуваат бојата од црвена преку розева до жолта.
Содржат многу хранливи материи и секако го заслужуваат нашето внимание. Тие содржат антоцијани кои се посилни антиоксиданси од витамините Ц и Е. Имаат важна улога во спречувањето на појавата на атеросклероза и развој на различни видови на рак. Освент оа, содржат и калиум, калциум, витамин Ц и витамини од групата Б. Благодарение на тоа позитивно влијаат врз здравјето на коските, нервите и имунитетот. Изобилуваат со пектин, па помагаат во регулирањето на холестеролот во крвта, а добри се и за варењето.
Иако се прилично неугледни па често знаеме да ги заобиколиме, велат дека се идеални за правење на џемови, сокови и колачи.
Па да пробаме.