Дали сте и вие од оние кои ги исфрлиле лебот и тестенините од исхраната?

Неодамнешните истражувања покажале дека внесувањето протеини од растителна храна, како леб или тестенини, го намалува ризикот од умирање.

0
578

Основата на доброто здравје е квалитетната исхрана, а брзата храна, тестото, слатките и слично, често се исклучени од оваа категорија. Сепак, неодамнешните истражувања покажале дека внесувањето протеини од растителна храна, како леб или тестенини, го намалува ризикот од умирање.
Значи, студијата покажува дека нашиот апетит за јаглехидрати, всушност ни прави добро.

Учесниците во ова истражување добивале 15 проценти од дневниот внес на енергија од протеини. Од тоа, 40 проценти од растителни и 60 проценти од животински протеини.
Откриено е дека консумацијата на растителни протеини е поврзана со помал ризик од кардиоваскуларни заболувања.
Покрај тоа, докажано е дека е многу поздраво да се јаде леб, житарки и тестенини отколку да се консумираат месо и јајца.
Се покажало дека ризикот од смрт е помал за 24 проценти кај мажите и 21 процент кај жени доколку консумирањето на јајца се замени со храна што содржи растителни протеини. Кога го замениле месото, ризикот паднал на 13 проценти кај мажите и 15% кај жените.
Тимот кој стои зад ова истражување вели дека нивните откритија докажуваат дека промената во исхраната на поединецот може да влијае на здравјето и животниот век.
Може да се каже дека ова е добра вест за оние кои ги сакаат тестенините и лебот.

Фото: Pixabey