Напиток што совршено ги топи килограмите

Комбинацијата на овошје и зеленчук во зелено издание е совршено решение за сите оние кои сакаат да изгубат тежина во најкус можен рок.

0
326

За да го подготвите овој пијалок, ќе ви треба замрзната банана, една лажица рендан ѓумбир, половина чаша спанаќ, малку мраз, чаша замрзнати боровинки и две мали лажици мелено ленено семе.

Зошто се препорачува? Бананите се богати со калиум, антиоксиданти и растителни влакна и ќе го подобрат вашето варење. Ленот е исто така богат со растителни влакна, додека боровинките се одлични антиоксиданти. Од друга страна, спанаќот ќе донесе магнезиум во телото и ќе го поправи нервниот систем, како и вашето расположение. На крајот, ѓумбирот ќе го намали вашиот апетит, ќе го зајакне вашиот имунитет и ќе го забрза вашиот метаболизам.

Конзумирајте го пијалокот наутро на празен стомак.

Фото: Pexels