Зошто никогаш не треба да пиете кафе на празен желудник?

Повеќе од половина од возрасната популација денот го започнува со шолја кафе - ритуал од кој малкумина можат лесно можат да се откажат. И не треба, затоа што ако пиете умерено количество кафе, тоа може да има корисен ефект врз вашето здравје, но само под еден услов - да не го пиете на празен желудник!

0
195
Консумирањето кафе на празен стомак или рано наутро пред појадок може да го зголеми нивото на кортизол во вашето тело. Од моментот кога ќе ги отворите очите наутро, вашето тело започнува да ослободува кортизол, хормон кој е одговорен за регулирање на вашиот имунолошки одговор на стресот во кој се наоѓате во текот на денот.

Ако го „напумпате“ телото со кофеин кога кортизолот е на својот врв, ќе го изложите на уште поголем стрес.

Колку кафе е премногу? Треба да го знаете ова пред да ја наполните повторно шолјата!

Пилот истражување спроведено помеѓу студентите по медицина во Америка покажало дека 25 проценти од учениците пијат кафе на празен стомак наутро. Резултатите од истражувањето покажале дека овие студенти биле изложени на зголемен ризик од ненадејни и со ништо непредизвикани промени на расположението и евентуални долгорочни ефекти врз нивното здравје. Тоа е затоа што кафето ја стимулира зголемената продукција на желудочна киселина, создавајќи така покисела средина.

Никој не ви го кажал ова за кафето!

„Кафето на празен желудник може да ги зголеми стимулирачките ефекти затоа што во стомакот нема содржина што може да ја ублажи апсорпцијата – полниот желудник е од витално значење за сузбивање на зголеменото производство на желудочна киселина“, објаснуваат докторите.

Бидејќи кафето го стимулира зголеменото производство на желудочна киселина, многу е веројатно дека со текот на времето ќе се појават проблеми со киселини, а можно кај почувствителните лица да се развие чир на желудникот.

„Од ова произлегува дека кафето на празен стомак има негативен ефект врз вашето физичко здравје, но оваа навика може да го наруши и менталното здравје. Поточно, хиперпродукцијата на желудочна киселина може да предизвика промени во расположението, вознемиреност, треперење и други симптоми. Исто така, постојат истражувања кои ја поврзуваат желудочната киселина со анксиозност и депресија“, објаснуваат докторите.

Можни компликации особено им се закануваат на лицата кои консумираат кафе во големи количини, што потврдуваат и некои истражувања во кои е откриено дека премногу високите нивоа на кофеин во организмот имитираат симптоми на вознемиреност, па дури и напади на паника. Симптомите може да вклучуваат немир, тресење, црвенило во лицето и брзо чукање на срцето. Ако веќе страдате од вознемиреност, тоа ве прави уште поранливи на потенцијалните негативни ефекти на кафето, предупредуваат експертите.

Фото: Pexels