Во случај да не сте знаеле, лебарките имаат лактација и произведуваат млеко, а научниците велат дека е тоа неверојатно богато со протеини и дека може речиси моментално да му ја врати енергијата на организмот. Лебарките се бубачки кои не лежат јајца како другите слични видови, но нивните потомци се хранат и се развиваат во нешто како чаура, а нивните мајки им обезбедуваат храна преку млечна супстанција која содржи кристали, протеини, шеќери и масти, најмногу слични на човечкото млеко. Научниците тврдат дека млекото од лебарки е најхранливата супстанција на земјата.
Кога ќе се спореди со иста количина на млеко од бивол, млекото од тавтабита содржи дури три пати повеќе енергија, а се верува дека млекото од бивол е она со најголема количина протеини од сите видови млеко. Од друга страна, кристалите кои се наоѓаат во течноста од лебарките се метаболизираат со неверојатна брзина и затоа е многу интересна за научниците кои се занимаваат со спортска медицина затоа што се верува дека тоа би било одлична алатка за побрзо закрепнување на мускулите и ткивата.
Најголем проблем е што во моментов е непознато дали млекото од тавтабита е токсично за луѓето, па дури и ако го помине тој клучен тест, тешко е да се верува дека луѓето навистина ќе го користат, и така мисли Супраманјан Рамасвами, биохемичар на универзитет во Индија, кој изјавил: „Не верувам дека на луѓето ќе им се допадне ова откритие, особено ако им кажете дека сте ги исцедиле кристалите од лебарките и дека тоа ќе биде храна. Од друга страна, брашното изработено од мелени штурци е веќе доста прифатено и распространето, такашто, сè е можно “.
Научниците веруваат дека млекото со овој состав може да се произведе вештачки со употреба на биоинженерски квасец и без употреба на лебарки, а овој производ би ги задоволил сите групи на луѓе од вегани, вегетаријанци па до оние гадливите. Без оглед колку ви звучи грдо, не ја исклучувајте можноста наскоро на пазарот да се најдат протеински плочки шипки, шејкови и прашоци со вештачко млеко од лебарки.
Фото: Pixabey