Пире од карфиол

Ова пире може да биде одличен прилог на јадења со месо, но може да биде и главно јадење

0
342

Состојки:
1 главица карфиол
вода
Кисела павлака
путер
Зачини по желба (копар, сол, бибер, мешавина од зачини)

Приготвување:
1. Исечкајте го карфиолот на помали делчиња и ставете ги во тенџере, додадете вода и варете додека карфиолот не омекне, но внимавајте да не ги преварите.
2. Изгмечете го карфилот како пире, зачинете и додадете неколку лажици павлака. Доколку сакате, можете да додадете и згнмечен или ситно исечкан лук.
3. На крајот додадете и коцка путер.