Чиа семето е богато со витамини и минерали и е извор на калциум. Учествува во правилната работа на мускулниот систем и срцевите функции, а со овој супер едноставен рецепт секој ден ќе го збогатувате своето тело со хранливи материи.
Додека вообичаените џемови се подготвуваат со часови и на екстремно високи температури, џемот од чиа семе се подготвува за само десет минути, а потребни ви се само неколку состојки.
Состојки:
1 шолја чиа семе
500 грама зрнесто овошје по желба (свежо или замрзнато)
4 шолји вода
1 лажичка екстракт од ванила
1 лажичка сок од лимон
Совет: За посладок џем додадете мед или јаворов сируп.
Приготвување:
Потопете го семето во вода и оставете го десет минути, а потоа додадете ги сите состојки во блендер и измешајте.
Додавајте си од готовиот џем во овесната каша или намачкајте го на парче леб.
Рецептот и фотографијата се од ТУКА.