За да засадите ананас, не ви треба ништо друго освен да купите еден ананас. А како понатаму дознавме од деталните упатства што ги најдовме ТУКА.
Кога ќе го купите ананасот и ќе го донесете дома, откинете ги зелените врвови такашто едноставно ќе го свртите со рака. Целта е да се откинат само зелените листови со малку месо на врвот.
Потоа исечете го месото со нож и извадете го првиот слој на мали кафеави лисја што се на самото дно. Потоа извадете го првиот слој на помали зелени лисја додека не се појават кафеави суви коренчиња. Излупете уште еден слој лисја, за да се појават што повеќе коренчиња.
После тоа, ставете го во чаша вода, такашто во вода да биде само врвот. Ставете ја чашата на прозорецот кадешто има многу сончева светлина и почекајте да се појават никулци, што би требало да потрае неколку недели. Доколку е потребно, во меѓувреме извадете уште еден слој зелени лисја.
Кога ќе се појават никулците, засадете го ананасот во саксија со земја, ставете го на добро сончево место и наливајте го еднаш неделно или почесто ако видите дека земјата е многу сува.
Треба да знаете дека може да бидат потребни години за да се појават вашите први плодови, кои нема да бидат ни приближно до големината на оној што ќе го купите во продавница, но дотогаш ќе имате прекрасно украсно растение во вашиот дом.
Фотографиите се од ТУКА.