Летото е идеално време за да ја промените вашата исхрана заради достапноста на најразлични овошја и зеленчук. Една од најпримамливите диети во текот на летото е онаа со лубеница.
Лубеницата може да помогне при губење на тежината, а доколку се одлучите за оваа диета, најдобро е да се придржувате кон неа 9 до 13 дена. Подолгиот план се состои од две фази. Првите три дена се јаде само лубеница. Во втората фаза, се додава и друга храна и лубеницата се јаде како закуска. Втората фаза не е толку рестриктивна како првата и може да трае од шест до десет дена, но не содржи многу други намирници. Бидејќи лубеницата содржи многу вода, можеби нема да имате потреба за нормална консумација на вода.
Менито во втората фаза изгледа вака:
За појадок, јадете порција овесни снегулки со млеко и неколку лажици кравјо сирење, за ужина од 2 до 3 парчиња лубеница, за ручек пилешко филе, риба или посно парче говедско, салата од кој било зеленчук со малку маслиново масло и оцет и за вечера две до три парчиња лубеница. Влакната со кои е богата ќе ве држи сити и ќе спречи прејадување.
Лубеницата помага во губење на тежината благодарение на фактот што го залажува гладот и има корисен ефект врз дигестивниот систем. Покрај тоа, таа е природно слатка, па може да ви помогне и кога имате криза за чоколадо или сладолед. Таа е идеална намирница за најздравиот начин на исхрана, не само затоа што е многу хранлива и има одличен вкус, туку и затоа што има малку калории: една чаша лубеница содржи само 49 калории. Полна е со вода и освежува, но го задоволува и апетитот.
Не го оптоварува телото со вишок калории
Ова летно овошје е идеална диетална храна затоа што не го оптоварува организмот со вишок калории. Содржи само 30 калории во 100 грама, а во исто време го снабдува организмот со неколку важни хранливи материи. Тој е одличен извор на витамин Ц, а исто така е и добар извор на витамини А, Б1 и Б6 и минералите калиум и магнезиум. Една чаша лубеница обезбедува 24 проценти од дневните потреби за витамин Ц.
Особено е вредна заради содржината на каротеноидниот пигмент ликопен, двојно посилен антиоксиданс од бета-каротинот. Откако ќе завршите со диетата со лубеница, за да го одржите процесот на слабеење, заменете ги сите сокови со обична вода и лубеница. Исечете две парчиња лубеница на помали парчиња и замрзнете ги.
Потоа ставете грст замрзнати парчиња во чаша и додадете вода. Мразот од лубеница ќе ја олади водата и ќе ѝ даде благ вкус. Откако ќе ја испиете водата, јадете лубеница. Со помош на лубеница, намалете ја големината на оброкот. Јадењето помали оброци е еден од најдобрите начини да изгубите тежина, а лубеницата може да ви помогне да се чувствувате сити.
Фото: Pixabey