Мини пици од модар патлиџан

Ако не ви се прави ручек, ниту пак сте многу гладни, направете ги овие мини пици со модар патлиџан, додадете си павлака и уживајте во брзиот ручек

0
380

Состојки:

1 голем или 2 помали модри патлиџани

2 црвени домати

кашкавал или биено сирење

свеж босилек

маслиново масло

Приготвување:

Измијте ги убаво модрите патлиџани и исечете ги на тркалца.

Наредете ги врз хартија за печење во тепсија и попрскајте ги со маслиново масло.

Ставете по едно тркалце свеж домат, по парченце кашкавал или биено сирење и ставете ги во рерна.

Ќе се испечат многу брзо.

Додадете босилек и павлака.