За овој леден деликатес, освен џин и тоник ќе ви требаат и неколку додатоци, како нане или краставица. Може да додадете и сок од лимон или лимета.
Состојки:
6 тркалца краставица
6 ливчиња мента
75 мл џин
250 мл тоник
50 г шеќер (по желба)
Приготвување:
Измешајте во еден сад џин, тоник и шеќер додека шеќерот не се растопи. Подгответе калапи за сладолед и ставете парче краставица и нане во секој. Поделете ја мешавината од џин и тоник на калапите и ставете ја во замрзнувачот најмалку четири часа, по можност преку ноќ.
Рецептот е од ТУКА.