Ако сладоледот го направите по овој рецепт ќе добиете леден деликатес кој ќе содржи само здрави намирници како што се ореви, индиски ореви, цимет, кокосово млеко, ѓумбир и јаворов сируп.
Приготвување:
Потопете ги индиските ореви во вода и оставете ги да отстојат преку ноќ, а потоа ставете ги на тепсија врз хартија за печење и во замрзнувач.
Измешајте ги сите состојки: 400 милилитри кокосово млеко, две лажици куркума во прав, половина лажица ѓумбир во прав, лажица цимет, лажичка кардамон и шолја јаворов сируп.
Извадете ја тепсијата со индиски ореви од замрзнувачот и измешајте ги сите состојки во блендер, а потоа вратете ги во замрзнувачот. Најдобро е да отстојат во замрзнувач преку ноќ.
Пред послужување по желба поросете го со мелени или сечкани ореви.
Фото: Freepik