Слични молекули се привлекуваат едни со други, а различни се одбиваат една од друга. Кога ќе се спојат слични молекули формираат агрегати кои имаат целосно различен вкус отколку кога се пијат одделно.
Метју Хартингс мрази џин. „Нешто во врска со тој вкус не ми одговара“, напишал овој професор по хемија на Американскиот универзитет. Тој исто така мрази тоник. „Премногу ми е горчлив, не разбирам како луѓето можат да пијат тоник“.
Но, ако ги помешате тие две работи, ќе го добиете неговиот омилен пијалок: џин-тоник.
Првиот џин-тоник е направен во Индија. Тоникот не е ништо друго освен вода измешана со шеќер и кинин кој му дава горчлив вкус. Британците користеле кинин како средство за борба против маларијата за време на нивното владеење во Индија, и наскоро откриле дека додавањето на шеќер, вода и џин прават одличен коктел.
Зошто овој коктел има толку добар вкус?
Одговорот се крие во самата хемија. Хартингс објаснува дека хемикалиите одговорни за вкусовите во џин-тоникот се доста различни, но повторно имаат многу слични хемиски структури.
Комбинацијата на овие различни и слични хемиски структури е клучна. Слични молекули се привлекуваат едни со други, а различните се одбиваат една од друга. Кога ќе се спојат слични молекули формираат агрегати кои имаат целосно различен вкус отколку кога се пијат одделно. Овој принцип се користи за голем број спарувања на намирници.
Инаку, нашиот омилен пијалок, особено кога се комбинира со тоник, е направен од бобинки од смрека (смрекинки) кои се одговорни за неговите здрави компоненти затоа што содржи флавоноиди кои ја подобруваат циркулацијата и ја спречуваат акумулацијата на вода во организмот. Исто така, овие бобинки помагаат во борбата против инфекции, болести на бубрезите и црниот дроб и срцеви заболувања. Тие се исто така добри за кожата, ѝ даваат младешки изглед и имаат врска со витката половина. Се разбира, сето ова вклучува пиење џин во умерени количини.
Овие супер бобинки се опремени за борба против инфекции.
Полни се со антиоксиданти и ги зајакнува и регенерира клетките во организмот, па затоа се одговорни за поздрав изглед на кожата.
Освен тоа, џинот е еден од алкохолните пијалоци со најмалку калории – 97 на чаша. Што значи дека вашата линија не е загрозена (освен ако не додадете тоник, тогаш се зголемува бројот на калории). Исто така, бобинките го стимулираат производството на ензим кој го олеснува варењето, што значи помалку надуеност.
Џинот помага да живеете подолго. Флавоноидите од овие, магични бобинки се одлични во спречувањето на срцеви заболувања и во подобрување на циркулацијата. Сепак, прекумерната потрошувачка има спротивен ефект.
Помага при заболувања на бубрезите и црниот дроб. Бобинките спречуваат акумулација на вода во организмот и ќе исфрлите повеќе вода ако пиете џин отколку ако пиете друг алкохол. Значи, се измиваат и многу повеќе штетни токсини и бактерии од организмот.
Добар е и за коските Ја ублажува болката во зглобовите и гихтот, а може да помогне и во третмани за хронична болка и воспаление како артритис. Обидете се и со суво грозје натопено во џин кое потоа ќе го чувате во тегла и ќе јадете по неколку зрнца секој ден.
Џинот помага и при настинки. Маслата што ги содржат бобинките од смрека можат да смират кашлица и да го поттикнат исфрлањето на слуз. Добрата работа за џинот е што може да се меша со многу други билки како ѓумбирот, па така ќе ја смират и грлоболката.
Направете свој џин – тоник
Ќе ви требаат:
60 мл џин
150 мл тоник
2-4 коцки мраз
сок од една лимета (ако немате лимета, ставете лимон)
неколку тркалца краставица
неколку ливчиња мента
Приготвување:
Исечете ја лиметата на четвртини. Чашата и џинот извадете ги од фрижидер. Прво ставете џин. Додадете го тоникот полека. Исцедете колку што е можно повеќе сок од лимета. Додадете коцки мраз и ставете парче лимета (или лимон) на врвот.