Состојки:
1 пакување замрзнат ослиќ
2 моркови
2 јајца
малку пармезан
2 лажици маслиново масло
сол, црн пипер, копар и малку презли
Приготвување:
Сварете ги ослиќот и морковите.
Кога ќе се оладат, исчистете ги коските и згмечете ја сварената риба во еден сад. Потоа додадете ги останатите состојки. Ако има потреба додадете малку презли. Обликувајте ги плескавиците и наредете ги во тепсија, врз хартија за печење.
Печете ги околу 20 минути па превртете ги од другата страна и допечете ги уште кратко.
Можете да ги јадете со домашен мајонез.