Бајага: Во животот сум „зготвил“ само топол сендвич, чај и кафе

0
665

Воочи големиот концерт на 3 декември заедно со Прљаво казалиште, Ареа и Трибјут бендот на ЕКВ, во организација на Авалон, на прес-конференција во хотелот Мериот во Скопје, Момчило Бајагиќ го најави настапот на Бајага и инструктори. Беше прилично изненаден што од него побаравме да зборува за храна… После две реченици, сфативме и зошто: во животот не зготвил ништо, освен топли сендвичи, кафе и чај.

art

Иако е на сцената веќе цели 33 години, Бајага изгледа исто како и на почетокот на кариерата. Барем што се однесува до стасот и до гласот. Го прашавме која е тајната на неговиот изглед со оглед на тоа што повеќето мажи на негови години можат да се „пофалат“ ако не со друго, тогаш барем со пивско стомаче, што кај него не е случај.

„Јадам нормално, не сум вегетаријанец, ниту пак имам некој посебен режим на исхрана. Дури и не се занимавам нешто претерано со спорт, но можеби тајната е во тоа што немам возачка дозвола и не возам автомобил, па доста пешачам и ги завршувам работите пеш, доста свирам, и во тој поглед сум прилично активен физички. Веројатно мојата линија се должи токму на тоа“, вели Бајага.

baja54

Инаку, кога станува збор за омилено јадење или за некој „сладок грев“ во менито, низ смеа вели: Мојата слабост, кога станува збор за храна, понекогаш може да биде пиењето. Тоа понекогаш му се случува токму во Mакедонија затоа што, како што вели, Македонија има најдобри предјадења во светот па кога е тука речиси никогаш не стасува до главното јадење.

Фото: Борче Поповски

Разговараше: Драгица Христова