Страдате од висок притисок? Јадете лубеница

Новата студија објавена во списанието American Journal of Hypertension, спроведена од Артуро Фигуероа, професор на државниот универзитет во Флорида, открила дека притисокот врз аортата и срцето по конзумирањето на лубеница значително се намалува.

0
471

Ако имате висок крвен притисок треба да дејствувате што поскоро за да го намалите ризикот од срцев или мозочен удар.

Решение за високиот притисок постои, но не само во форма на лекови, туку во промена на исхраната и животните навики.

Совршен природен лек за високиот притисок е лубеницата која ќе ви помогне да го стабилизирате  притисокот и да ги заштитите своето срце и крвните жили.

Освен тоа, лубеницата извонредно ќе ве разлади и ќе ве хидратизира. Таа се состои од дури 94% вода, а останатото се нутриенти и антиоксиданси како витамини А, Б и Ц, и минерали како магнезиум, калиум и манган.

Уште една добра вест поврзана со лубеницата е тоа што со оглед на тоа што е нискокалорична, можете да уживате во неа без грижа на совест цело лето.

Новата студија објавена во списанието American Journal of Hypertension, спроведена од Артуро Фигуероа, професор на државниот универзитет во Флорида, открила дека лубеницата може значително да го намали крвниот притисок кај дебелите луѓе, без оглед дали се опуштени или под стрес.

„Притисокот врз аортата и срцето по конзумирање на лубеница значително се намалува“, вели Фигуероа.

Професорот Фигуероа спровел експеримент во кој учествувале 13 средовечни дебели луѓе со хипертензија.

Тој ги поделил учесниците во 2 групи: едната добила 6 грама екстракт од лубеница (4 g Л-цитрулин и 2 g Л-аргинин) во текот на шест недели, а другата добивала плацебо. Во текот на следните шест недели, испитаниците се замениле.

Важно е да се напомене дека ниту една личност вклучена во студијата не земала лекови за висок крвен притисок, не ја менувале исхраната, ниту вежбале.

Резултатите покажале дека екстрактите од лубеница имаат позитивен ефект врз аортниот притисок и другите васкуларни параметри.

Активните состојки на лубеницата имаат вазодилатациско дејство, односно пошироки крвни садови и со тоа се овозможува подобар проток на крв.

Интересно е и тоа што тие имале позитивен ефект врз учесниците и за време на опуштената состојба и за време на изложеноста на стрес.

Ликопен, цитрулин, калиум… го штитат срцето и крвниот притисок

Лубеницата е одличен извор на ликопен, кој го зачувува здравјето на срцето.

Овој растителен пигмент, кој ѝ дава на лубеницата (и на доматите) црвена боја, го намалува воспалението и влијае на нивото на липидите во крвта.

Ликопенот исто така ја намалува вкочанетоста на артериите и дебелината на нивните sидови.

Покрај тоа, лубеницата содржи и цитрулин, која ја стимулира циркулацијата, односно протокот на крв во крвните садови.

Цитрулинот е аминокиселина која помага во создавање на азотен оксид кој пак ги проширува крвните садови, што спречува нагли скокови на крвниот притисок.

Покрај тоа, лубеницата содржи и многу калиум, минерал кој делува како природен диуретик и го нормализира крвниот притисок.

Секако, јадете и друго овошје или зеленчук што содржи калиум, како што се банани, дињи, спанаќ, целер и зелена салата.

Покрај калиумот, лубеницата содржи и исклучително важен магнезиум, кој исто така игра важна улога во одржувањето на здравјето на срцевиот мускул.

Како е најдобро да се јаде лубеница?

Лубеницата можете да ја јадете наутро и да ја вклучите во својот здрав појадок.

Можете да ја додадете и во овошна салата и во вашето омилено летно смуди или да си направите свеж сок за совршено освежување.

Фото: Pexels