Пита од бадеми

Главната состојка на овој колач се бадемите, но посебен вкус добива и од додатокот на разни ароми како на пример, кора од лимон, ликер или некое десертно вино

0
182

Состојки:

5 јајца
200 г шеќер
250 г бадеми
1/2 лажичка цимет
Кора од 1 лимон
Кора од 1 портокал
Шеќер во прав за поросување

Приготвување:

1. Изматете ги јајцата и шеќерот, додадете ги мелените бадеми, циметот и ситно изрендана кора од лимон и од портокал.
2. Намрсете го калапот и ставете ја смесата. Печете на 180°C околу 30 минути.
3. Кога ќе се олади поросете со шеќер во прав.