Намаз од урда

Најчесто едноставните рецепти се и најдобри...но тајната на овој едноставен намаз од урда не е во урдата, туку во маслото од тиква.

0
959

Состојки:

1 кромид (по желба можете да употребите млад кромид)
1 кисела павлака
250 г урда
Сол
Масло од тиква
Црвен пипер

Приготвување:
1. Кромидот се сечка ситно, се посолува и се меша со киселата павлака. Се остава во фрижидер околу пола час за да се поврзат вкусовите.
2. Во смесата од кромид и павлака се додава урда, се посолува по вкус и се добро се меша.
3. Се прави дупче во средината и во него се става масло од тиква. Се декорира со црвен пипер и се служи со црно лепче или со брускети.