Како да испечете крцкави компири?

Сочни внатре, крцкави од надвор, компирите од рерна се одличен гарнир за месо, но и вкусна самостојна закуска ... Ќе ви откриеме одличен трик за вашите компири да бидат совршено крцкави и вкусни

0
578

Неколку лажици палента се доволни за совршено печени компири, а за да ги направите уште повкусни, играјте си со зачини како што се слатка или лута пиперка, оригано, лук или кромид во прав. Послужете ги компирите со месо, риба или со омилената ТВ серија наместо грицки.

Состојки за печени компири:

500 г компири
3 лажици палента
2 лажички црвен мелен пипер
сол, црн пипер
масло или свинска маст

Приготвување:

1. Измијте ги компирите, излупете ги и исечете ги на четвртини. Исушете ги со кујнска хартија.

2. Во сад измешајте ја палентата, солта, пиперот и црвениот пипер, па извалкајте ги внатре компирите и ставете ги во подмачкана тепсија.

3. Печете ги во загреана рерна на 200 ° C околу 45 минути, или додека не станат крцкави.

Фото: Pexels