Најздравиот појадок има стотици варијации и комбинации

Која е вашата омилена комбинација со овесна каша? Овесни снегулки со јогурт или со некакво млеко (кравјо или растително)? Со семки? Со цимет и чиа семе? Со овошје или без? Гласаме за најдобрата...Испратете ни го вашиот предлог

0
267

Овесната каша не е ништо ново. Веќе знаеме дека е тоа најздравиот појадок, има безброј придобивки а една од најпопуларните е онаа дека помага во контролирањето на телесната тежина.

Освен ова, овесната каша го контролира и крвниот притисок-исхраната богата со цели зрна жита (овес, пченица,…) во извесна мерка има ефект на лекови против висок крвен притисок.

Го намалува холестеролот-3 грама растворливи диетални влакна дневно, може да го намалат холестеролот до 20%. Шолја овес има 4 грама растворливи диетални влакна.

Ја штити кожата. Растителните влакна во овесот прават филм кој помага за зачувување на влажноста на кожата, а овесните мекињи можат да се употребат за пилинг.

Го намалува ризикот од добивање на карцином на дебело црево-секои додадени 10 грама растителни влакна во нечија исхрана го намалуваат ризикот од добивање карцином на дебелото црево за 10 отсто.

Го контролира шеќерот во крвта-веќе споменатото изобилие од растворливи растителни влакна во составот на овесот, овозможува бавно ослободување нашеќер во крвотокот (низок гликемиски индекс) и дава подолго чувство на ситост.

Спортски способности – високото ниво на јаглени хидрати и протеини, овозможува добивање на здрава енергија која е потребна за остварување на подобри физички способности.

Го зголемува имунитетот-бета глуканот од овесот им помага на неутрофилите (крвни елементи) побрзо да дејствуваат на бактериските инфекции.

Го помага сонот-овесот содржи мелатонин и сложени јаглени хидрати кои помагаат што повеќе триптофан да влезе во мозочните клетки и така доведуваат до побрзо заспивање. Еден од витамините во составот на овесот е и Б6, кофактор во производството на серотонин во мозокот.

Промовира антиоксидативно својство– авенатрамидот е фенолен алкалоид кој е единствен за овесот. Овој антиоксиданс ги намалува воспаленијата и го поттикнува производството на азот моноксид, кој го спречува оштетувањето на артериите.

А варијантите и комбинациите се навистина безбројни. Вистинско откритие се и оние ситни овесни снегулки кои не мора да ги варите, а не им треба ниту премногу време за да омекнат.

На пример, денешниот појадок со овесни снегулки го направивме со јогурт и цимет, семки од сончоглед, пола банана и малку аронија. Додадовме и лажица мед и лажица чиа семе.

 

И секоја комбинација е приказна за себе.