Станува збор за брз сладолед од блендер, комбинација од банани и се што ќе ви се најде при рака.
Состојки:
4 банани
2 лажици мед
120 мл млеко (од бадем, ориз, кокос или соја)
1 лажица инстант кафе
прстофат сол
30 г какао
60 г кокосов или бадемов путер
Приготвување:
Изблендирајте ги сите состојки во кремава смеса. Префрлете ги во сад кој потоа можете да го ставите во замрзнувач и оставете го таму преку ноќ. Извадете го од замрзнувач 10 минути пред послужување.
Фото: Pixabey