Лубениците допрва доаѓаат и се радуваме на тоа. Освен што се многу освежителни, постојат и други причини поради кои би требало да ги вклучте лубениците во својата исхрана.
- Го зајакнуваат имунитетот
Конзумирањето лубеници може да го зајакне вашиот имунолошки систем, бидејќи тие имаат висока содржина на витамин Ц, кој е моќен антиоксиданс и помага во спречување на разни болести. Исто така, редовното консумирање храна што содржи витамин Ц може да ги заштити и самите телесни клетки од голем број на штетни фактори.
- Го штитат срцето и циркулаторниот систем
Лубеницата е богата со ликопен – антиоксиданс кој спречува заболувања на срцето и циркулаторниот систем. Ова овошје содржи и диетални влакна кои го намалуваат нивото на лош холестерол, како и калиум што го намалува крвниот притисок.
- Го подобруваат и сексуалниот живот
Многу експерти препорачуваат лубеници во исхраната, бидејќи е откриено дека содржи цитрулин која има ефекти слични на вијагра. Кога влегуваат во телото, тие се претвораат во аргинин – аминокиселина која е корисна за циркулаторниот систем, бидејќи им дава еластичност на ѕидовите на артериите.
Лубеницата се препорачува и во диетите за слабеење, бидејќи има малку калории и дава чувство на ситост. Го стимулира излачувањето на токсините од организмот, ја подобрува работата на бубрезите …
Фото: Pexels